Кривичина пријава против Миле Јанакиески за продажба на државни станови

by fokus

Против поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Полицијата го товари дека склучил незаконски договори за продажба на државни станови во Пензионерската зграда во Прилеп.

Освен Јанакиевски, осомничени во истрагата се и три лица, кои вработени како нотар, поранешен и актуелен државен правобранител, според МВР, го оштетиле буџетот за 42.000 евра.

„Првопријавениот  во временскиот период од 2007 до  2010 година, во својство на министер во Владата на Република Македонија ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите предвидени во Законот за продажба на општествените станови чл.2 и 3, односно без Одлука од Владата– како сопственик на становите бр. 16 и 12 лоцирани во т.н. „пензионерска зграда“ во Прилеп, која се наоѓа на ул.,,Димо Наредникот“ бб,  како овластен застапник на Владата,  склучил договори за купопродажба на предметните станови со лицата  З.А.  и Д.Р.,  кои пак станови  лицата ги користеле  врз основа на решенија издадени од некогашниот Сојуз на борци  како и Сојуз на пензионери“, велат од МВР.

Второпријавениот Д.Р.(64) од Прилеп по занимање нотар, третопријавениот С.Т.(63) од Прилеп, поранешен државен правобранител и четвртопријавената В.Ј.(51) од Прилеп, актуелен државен правобранител, во својство на овластени лица, требало да ја испитаат законитоста и дозволеноста на склучувањето на предметните договори, велат од МВР. И покрај тоа, додаваат од таму, не превзеле мерки и пропуштиле надзор за заштита на државниот имот на Република Македонија, со што им овозможиле на овие лица да извршат откуп на становите по повластени цени.

 

Поврзани новости