Крива сум и малку ми е – Игор Џамбазов и напиша песна на Антониа Гиговска

by fokus

Младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ја промовираше новата песна ,,Крива сум” за која што стиховите ги напиша Игор Џамбазов.

Нумерата веќе е објавена на интернет каналот Јутјуб и за само неколку часа доби голем број на споделувања и комплименти.

-Крива сум и малку ми е
Како можев да не мислам на утре
Во заборав да фрлам приказна без крај само наша
Како можев да избегам ко кутре
Тивко пее тивко небото – се дел од стиховите на баладата.

Музиката за истата е на Дарко Димитров, на виолина гостува Роберт Билбилов, а на гитара Иле Спасев. Видео спотот пак е во режија на Даниел Јовески.

Во изминативе неколку години Антониа полека, но сигурно го освојува регионот со својот глас. Лани беше придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија, а во Србија на музичкиот натпревар ,,Пинкови ѕвездички” жирито и предвиде блескава кариера. Пред две години победи на ,,Макфест”, а во Романија на фестивалот ,,Златен елен” го освои второто место.

Вики Клинчарова

Поврзани новости