Критична вакцина против коронавирусот се очекува за три-до четири месеци

by fokus

Томас Болики, истражувач за глобално здравје, економија и развој, во Советот за надворешна односи во Вашингтон, изјави дека досега околу 44 илјади луѓе само во Кина може да се заразени од новиот короновирус, и критична вакцина против болеста се очекува за три-до четири месеци.

На панел оддржан денеска на тема ширењето на болеста и мерки за нејзино спречување, Болики укажа дека засега постои одржлива епидемија на вирусот во Кина и негово ширење во вторични земји.

Вакцина против вирсот, во научната литература означуван како „2019-nCov“ сеуште не е развиена. Вируст се проширува по воздушен пат преку дишните органи. Досега се починати над стотина луѓе.

-Кина и Центарот за контрола и превенција на заболувања (ЦДЦ) имаат архива на многу добро разработени генетски секвенци и развивојот на вакцинат оди добро. Почеток на критичните тестови за вакцинација проив вирусот очекуваме за три до четири месеци. За девет месеци до една година пак, очекуваме да започне втората фаза на сеопфатна вакцинација, изјави тој.

Укажа дека голем дел од вакцина тестовите досега биле неуспешни.

ЦДЦ, американски владин центар за спречување на заболувањата, неодамна издаде препораки за заштита од вирусот.

Центарот укажува дека најдобар начин за заштита е да се избегне изложување на болеста.

Се препорачува миење на рацете со сапун во траење од барем 20 секунди. Да не се допира носот, очите или устата со немиени раце (на пример по допирање на разни предмети како, кваки, рачки од врати или други површини). Да се избегнува контакт со заболени поединци и да се остане дома во случја на болест. Потоа, да се користат салфетки кога се кива или кашла, и тои да се фрлаат во канти за ѓубре, но и да се чистат и дезинфицираат често допирани предмети и површини, препорачуваат од ЦДЦ.

Поврзани новости