Критичарот Галевски: Не треба да жалиме за „Медена земја“

by fokus

Македонскиот документарец „Медена земја“ не успеа да ја добие престижната награда Оскар во номинацијата за две категории.

Критичарот Владо Галевски во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ порача дека со филмот „Медена земја“ е достигнат максимумот.

„Многу поголеми и поскапи филмови оваа година не успеаја да добијат сериозни награди. Не треба да жалиме за „Медена земја“. Тој останува еден од најдобрите културни продукти на оваа држава и сметам дека ова е максимумот што може да се постигне. Сметам дека победи просечен филм“, истакна Галевски.

Поврзани новости