Кристина Димитри: Со Игор Џамбазов сме одличен тим!

by Fokus

Моделот, а од пред неколку години и пејачка, Кристина Димитри, започна соработка со Игор Џамбазов.

Како што раскажува за „Фокус”, тој работел на нејзината нова песна, и двајцата сфатиле дека се одличен тим.

-Со нашиот уметник Игор Џамбазов ме запозна Дарко Димитров, кој за мене е нашиот најдобар и генијален продуцент. Сега сме еден одличен тим, а наскоро јавноста ќе има можност да ја слушне песната која за мене ја работат овие професионалци. Станува збор за песна која е тесно поврзана со мојот живот, но верувам дека во стиховите ќе се пронајдат и многу други кои имале слични животни искуства. Можам слободно да кажам дека ова е досега најдобриот проект од мене. Но, исто така, ветувам дека потоа ќе следуваат уште многу други успешни проекти во сличен стил – ни изјави Кристина.

Таа и стана позната на јавноста како модел уште додека беше доста млада. Учествуваше на многу избори за убавина, но беше и заштитно лице на повеќе модни брендови.

Во 2016 година се омажи со музичарот Даниел Кајмакоски, со кого добија синот Давид, и во тој период таа сосема се повлече од модната сцена.

По разводот со Даниел во 2019 година, повторно им се врати на модните настани и изборите за убавина, а потоа започна и музичка кариера.

Има редовни настапи во клубови во земјава, а пееше и на минатогодишниот Макфест во Штип.

Вики Клинчарова

Поврзани новости