791
Дел од граѓаните изработуваат креативни постери, со цел да ги едуцираат сограѓаните како да се заштитат од корона вирусот.
-Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот. Благодарни сме за поддршката, напиша министерот Венко Филипче на фејсбук, и сподели дел од постерите.