Кратовалиев: Директорот на Идризово спроведува самовластие и тортура врз Бошкоски

by Фокус 11:19
11:19

Љубе Бошкоски се наоѓа во немилост на директорот на затворот и неговото толкување на законската одредба од членот 206 каде во ставот 1 точно и децидно се наведени условите под кои што едно лице излегува три месеци пред истекот на казната затвор, истакна адвокатот на лидерот на ОМ, Константин Кратовалиев за А1он.

– Ние на записник поставивме прашање дали од страна на судскиот совет постојат пречки досега, а и понатаму да се ограничи правото на Љубе Бошкоски три месеци да излезе порано од затворот. На записник, значи имаме евидентен писмен доказ дека такви пречки не постојат, не постојат ограничувања на кои се повикуваше директорот на затворот, а ние тоа цело време го тврдевме дека има писмо кое беше пуштено во затворот до него – истакна Кратовалиев.

- Advertisements -

 

Поврзани новости