Краткотраен притвор за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени за пожарот во Кочани

by Fokus

Судот во Кочани го прифатил барањето на Oбвинителството за определување мерка краткотраен притвор за 14 осомничени лица во траење од 48 часа, информираат од Основниот суд Кочани.

Дел од нив се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик, а се испитуваат и дејствија на примање и давање поткуп, како и за незаконска набавка на пиротехнички средства.

Меѓу осомничените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица, кои претходно беа задржани на распит за околностите во кои се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тие се спроведени во притвор во Куманово и во Шутка.

Поврзани новости