Красниќи се врати во затворот во Штип, задутре се враќа Бајруш Сејдиу

by Fokus

Кондовецот Агим Красниќи по викендот поминат дома, се вратил на натамошно издржување на казната во штипскиот затвор, потврдија за Канал 77 од управата.

Красниќи се најде на слобода првпат по девет години поминати во затвор. Од затворот во Штип објаснија дека затвореникот ги исполнил законските услови за одење на викенд, што до сега, не било случај. Вториот затвореник, кој дојде во центарот на вниманието на јавноста е Бајруш Сејдиу. Кумановчанецот, кој исто како и Красниќи, по подолго време доби времен отпуст. Сејдиу задутре треба да се врати во затворот на Штип, каде ја одлежува затворската казна.

Извор: ММС

Поврзани новости