Крај на сагата: Игор Ангеловски ќе нѐ води на ЕП

by fokus

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство оваа година.

Ова денеска го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини кој истакна дека лесно се договориле со Ангеловски за продолжување на соработката.

– Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега, изјави Сејдини.

Неговиот договор заврши на 31 декември 2020 година, а непосредно пред да му заврши, се појавија информации дека би можел да замине од кормилото на репрезентацијата која под негово водство обезбеди пласман на Европското првенство.

Поврзани новости