Крадци од врат кинеле златни ланчиња во Шутка

by fokus

Две момчиња на возраст од 20 и 23 години, движејќи се низ населбата Шуто Оризари извршиле неколку кражби на дрзок начин, односно од врат им ги кинеле златните ланчиња на случајните минувачи, а потоа ги продавале во златара на Бит Пазар.

Од МВР информираат дека против двајцата крадци е поднесена кривична пријава за четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“.

-Пријавените од 3 до 15 октомври во населбата „Шуто Оризари“, со  употреба на физичка сила им ги кинеле од врат златните ланчиња со привезоци на повеќе лица, а украденото злато го продавале во непозната златара на „Бит Пазар“, при што се стекнале со имотна корист од околу 139.000 денари, информираат од МВР.

Поврзани новости