Коѕијас веќе не ословува со Северна Македонија

by fokus

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“ изјави дека договорот меѓу Грција и Македонија за промена на уставното е вин вин ситуација која ќе ги задоволи двете страни. Коѕијас посочи дека Грција нема да ја спречи интеграцијата на земјава во ЕУ и во НАТО. Тој во интервјуто вели дека една од клучните точки за ратификација на договорот е успешен референдум во Македонија.

„Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да биде ратификуван договорот. Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е избор на оваа држава. Ние едноставно нема да ги спречиме и ќе им помогнеме на нивниот европски пат. Да знаете дека решението на овој проблем им служи на националните интереси на Северна Македонија и на Грција. Тоа е проблем што формално постои 25 години, а реално 75 години“, изјави Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Грција.

Поврзани новости