Коѕијас: Скопје се освестува дека ЕУ само го користи за бегалската криза

by Фокус

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во своето последно интервју рече дека македонската влада се освестува и почнува да разбира дека дел од европските држави само ја користат околу бегалската криза со лажни ветувања.

-Наша проценка е дека на почетокот владата на БЈРМ се возбуди за улогата што ѝ ја доделуваа Австрија, Унгарија и други држави и сметаше дека така ќе го реши својот проблем. Сега оценуваме дека почнуваат да разбираат дека само ги користат. Она што треба да го разберат е дека ако продолжат така, тоа ќе ги чини. Втора работа е дека другите ги користат, а тоа не оди во нивна корист. Едноставно кажано, Австрија им вели „ќе ви помогнеме да влезете во евроатлантските институции“, а Австрија ни самата не е членка на НАТО. Што ќе помогне? Тоа се смешни работи, изјави шефот на грчката дипломатија во интервјуто.

Поврзани новости