Коѕијас очекува спорот за името да се реши следната година

by Fokus

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

Коѕијас најави дека Грција е спремна за решавање на прашањето за името и дека тоа ќе го стави јасно на знаење на своите партнери во ЕУ и на Вашингтон. Според него прашањето за името ќе биде затворено во првата половина на 2018 година.

Поврзани новости