Коѕијас ја спореди Македонија со невеста која се мисли дали да го прифати презимето на сопругот

by fokus

Како и премиерот Зоран Заев, така и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас е уверен дека до јуни ќе се реши прашањето за името. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс  вели дека името ќе го вклучува терминот Македонија, но со хронолошка дефиниција.

„Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг“, вели тој.

Министерот Коѕијас исто така повторува дека спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија нема да биде текст што ќе ги содржи само грчките ставови, ниту пак завршен договор, туку ќе биде основа врз која ќе може да започне соработка.

 

Поврзани новости