Коѕијас и Ципрас си заминаа од Отешево, јадеа ѓомлезе, бело сирење, пинџур и пиеја „Антика“

by Fokus

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и премиерот Алексис Ципрас заминаа од Парадес по ручекот кој беше организиран во Отешево. Коѕијас на заминување изјави:

„ Среќни сме за договорот и во Отешево имавме конструктивен разговор со Димитров. Денот помина во прекрасна атмосфера. Имавме одличен пречек од домаќините. Јадењето и езерото се прекрасни. Наликуваше на свадба. Следува интензивен период. Во скоро време ќе одам во Скопје за да разговараме за делови од договорот“, изјави Коѕијас.

НОВА објави дека гостите јаделе ѓомлезе, бело сирење и пинџур, а била послужена и нашата жолта ракија “Антика” , Главното јадење беше телешки бифтек со сос од вино и печурки. За десерт била послужена баклава и палачинка со крем од ванила и овошје. Сето тоа било залиено со македонско вино од “Тиквеш”.

Поврзани новости