Коѕиас: Владата на ВМРО-ДПМНЕ прашањето го претвори во идентитетско и не работеше на компромис

by fokus 14:19
14:19

На првата официјална средба во Атина, министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, изразија задоволство и надеж за унапредување на односите.

На средбата беа потврдени ставовите дека Македонија очекува поддршка од Грција, додека Грција сака прво компромис за името, па потоа евро-атлантска интеграција на Македонија. Коѕиас додаде дека претходната Влада проблемот со името го претвори во идентитетски и не работеше на компромис за истиот.

- Advertisements -

“Ние сме против санкции кон нашиот сосед. Знаеме дека нашиот сосед сака да биде член на разни организации, ние сме подготвени, но прво мора да се реши прашањето за името.

Претходната влада не работеше на компромис и прашањето за името од географско го претвори во идентитетско. Се надевам дека ќе разговараме за името што ќе доведе до решение. Ви благодарам Никола што за вашата прва официјална посета го одбравте овој град“, рече Коѕиас денеска на заедничката прес конференција со Димитров во Атина.

 

Поврзани новости