Коѕиас утре на средба со Нимиц во Брисел

by fokus

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас утре во Брисел ќе има средба со медијаторот за спорот со името на Македонија, Метју Нимиц.

„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија на почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напред ок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.

Грчкиот министер за надворешни работи во пресрет на состанокот не ги прецизираше конкретно грчките позиции. Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ тој порача дека главен услов за какво и да е поместување останува Скопје да се откаже од како што вели иредентизмот, кој не смее да се рашири низ Балканот. Коѕиас тврди дека досега Македонија не била подготвена за решение.

Поврзани новости