Коѕиас по средбата со Димитров: Да ги решиме проблемите за нашите земји и народи

by Фокус

Се обидуваме да го поништиме иредентизмот и креативно да ги решиме проблемите, истакна грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, по денешната средба со македонскиот колега Никола Димитров.

-Јас откако станав министер, а можам за кажам и за Никола, ја ставивме раката на срце и рековме дека сакаме да ги решиме проблемите за нашите земји и народи. Ние сакаме да се решат сите проблеми и сакаме да ја поддржиме вашата земја да оди напред – рече, меѓудругото, Коѕиас.

Тој неколку пати ја нагласи неопходноста за почитување на суверенитетот и надминување на иредентизмот, што, според него, заедничките интереси ги трансформира во кавги во регионот.

Поврзани новости