Коѕиас: Нова Демократија и ВМРО-ДПМНЕ се хранат од нерешавањето на проблемите

by Фокус

Опозициските Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ користат говор на омраза, истакна шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за Ефимерида тон синдактон. Говорејќи за реакциите во двете земји, тој вели дека она што него го загрижува не е несогласувањето околу договорот, туку е загрижен за тоа каде ќе ја одведе земјата ширењето и легализацијата на екстремниот десничарски говор на омраза.

– Опозицијата во двете земји е опозиција која користи заеднички говор на омраза. Ја негуваат политичката омраза во сите нејзини димензии: како во внатрешноста, така и во меѓудржавните односи. Нова демократија го отфрла договорот со образложение дека сѐ му предадовме на Скопје. Иванов и неговата партија не го ратификуваат договорот бидејќи, наводно со тоа, неговата земја и се потчинува на Грција. Ако се поврзат овие работи, лесно може да се заклучи дека и во двете земји се работи за партии што се хранат со оваа реторика, со нерешавањето на проблемите, со неактивноста – истакнува Коѕиас.

Во интервјуто, тој открива дека уставното прашање било најтешкото во преговорите.

– Тешко беше да ги убедам ЕУ и ОН, нешто што на крајот се случи, да нѐ остават ние да ги најдеме агендата и решенијата. Бидејќи, колку повеќемина се вклучени со различни изговори или добра намера, толку посложени и тешки стануваат преговорите. За среќа, ОН помогнаа со нивната улога, а сите други останаа далеку од преговорите – вели Коѕијас.

Поврзани новости