Коѕиас: Нема никој посреќен од мене ако завршиме со целата приказна

by Fokus

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Атина се среќава со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас. 

Коѕиас вчера рече дека пораката што ја добил од разговорите што ги имал лично со премиерот Заев, од разговорот меѓу двајцата премиери Заев и Ципрас, и од неговите телефонски разговори со Никола Димитров, „е дека тие покажуваат позитивен став и намера да завршат со иредентизмот“.

– И никој нема да биде позадоволен и посреќен од мене, ако завршиме со оваа цела приказна, која, како што често велам, историјата ја претвора од училиште во затвор -истакна Коѕиас осврнувајќи се на денешната средба со Димитров.

 

Поврзани новости