Коѕиас: Македонија не е созреана за преговори со името

by Фокус

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас се уште не го гледа крајот на дводеценискиот спор за името, бидејќи, како што рече, Македонија не била спремна за компромис.

„Што се однесува до спорот за името, сметам дека треба да созреат условите кај соседната држава за да прифатат еден суштински компромис“ – изјави Коѕиас во интервју за весникот „Катимерини“.

Грчкиот министер за надворешни работи порача Грција и понатаму чекала Македонија да покаже волја за компромисно решение за името.

Независно од спорот за името, Коѕиас забележува дека двете држави работат во пракса на спроведување на мерките за градење доверба. Како што потенцира мерките имаат за цел да се засилат општествените и економските врски меѓу двете држави и народите.

Поврзани новости