Коѕиас ќе го пречека протест за заштита на името

by fokus

Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес организираат мирен протест во врска со посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, кој ќе се одржи утре пред Министерството за надворешни работи.

Организаторите велат дека имаат подготвено транспаренти и потсетуваат на црвената линија за името.

„Сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и Македонија! Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!“, велат организаторите.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас утре ќе пристигне во Македонија на еднодневна посета каде ќе има средба со неговиот колега, Никола Димитров, премиерот, Зоран Заев, министерот за евро-интеграции Бујар Османи, а во Собранието ќе се сретне со претседателот Талат Џафери и шефовите на пратеничките групи. Се очекува Коѕиас да биде примен и од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов.

Поврзани новости