Ковид-19: Регистрирани 26 починати, седум од Скопје, пет од Прилеп

by fokus

Во последните 24 часа регистрирани се 26 починати лица како последица од вирусот Ковид-19.

Според информациите од Министерството за здравство, седум од починатите се од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.

Поврзани новости