Ковакс утре ќе ја објави листата за дистрибуција на вакцини

by Фокус

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус на денешната прес-конференција рече дека „Ковакс“ утре ќе објави список за дистрибуција на вакцини по земјите што аплицирале за оваа програма.

Брус Ајлвард, советник на извршниот директор, рече дека оваа недела 15 земји, од кои 14 се од Африка, ќе добијат вакцини преку системот „Ковакс“.

– Истиот број земји ќе примат вакцини следната недела. Важно е да се каже дека вакцините во моментов се испраќаат до земјите кои се подготвени и за кои се подготвени пратките – рече Ајлвард.

Поврзани новости