Ковакс планира да испорача над 300 милиони дози вакцини до средина на годината

by fokus

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Тоа го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ.

Програмата испорача скоро 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи.

Говорејќи на истиот форум, Нгози Оконџо-Ивеала, генерален директор на Светската трговска организација, нагласи дека земјите во развој кои извезуваат стоки се соочуваат со голем скок на цените, а туризмот пропаднал во пандемијата.

На светот му треба финансиска рамка за подготвеност и одговор на итни случаи и мора да ги држи отворени синџирите на снабдување за подобро да ги заштитиме економските системи, наведе таа.

Поврзани новости