Ковачки: НАТО нѝ вратил уште едно лице кое работело година дена во Брисел

by fokus

Македонија веќе две и пол години е без највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел. Причината за тоа е што кандидатот што Шекеринска го предложи и Пендаровски го прифати, НАТО го одби. Деновиве, поради безбедносни причини, НАТО ни вратил уште едно лице кое било испратено и работело веќе година дена во Брисел, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Шекеринска и Пендаровски испраќаат лица за претставници во НАТО, кои не ги поминуваат нивните филтри. Ова е меѓународен и дипломатски скандал и со него се нанесува штета на угледот на државата. Јавно ги повикуваме министерот Шекеринска и претседателот Пендаровски да кажат дали се испочитувани процедурите за избор и упатување на лица на мисии во странство, и ако не се, зошто не се? Да се произнесат кој и зошто ги прекршил процедурите?, рече на прес-конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости