Ковачки: Хируршка интервенција е времена неспособност, а трајната се носи цел живот

by fokus

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Алфа коментирајќи го денешното соопштение на премиерот Димитар Ковачевски дека не служел војска поради последователни хирурушки интервенции, рече дека доколку е навистина така, тогаш тоа би било времена неспособност, а не трајна, како што стои во документите.

-По мое мислење, премиерот во 2001 година не сакал да служи војска, да ја брани својата татковина. Наместо да се вклучи во одбраната, тој носел документи и се правел трајно неспособен. Трајна неспособност значи дека таа неспособност не може да се отстрани во иднина. Може и да прогресира, но не може да се отстрани. Доколку станува збор за хирурушка интервенција, тогаш тоа е времена неспособност, вели Ковачки.

Поврзани новости