Ковачки до Пендаровски: Oдмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема

by fokus

Стево, претседателе, што и да си, покровител си на маратонот, нели ти е срам да го уништуваш тоа што некој ти го оставил а ти си требало само да го продолжиш?, коментира на Фејсбук пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки по откажување на традиционалниот Охридски пливачки маратон, бидејќи и била блокирана сметката на пливачката федерација.

-Значи никој не бара од тебе да измислуваш нешто ново, туку само да го продолжиш децениското наследство. Нели ти е срам да излезеш во јавност после ваков кикс? Па јубилеј од 60 години требало да се прослави оваа година, ама тоа тебе и на твоите не ви е важно.

Знаеш да одмараш во вилата во Охрид, ама пари за маратонот нема! Како може да има пари за прослава на ДУИ која ништо не значи и на која се исвиркува македонскиот јазик, а да нема пари за охридскиот пливачки маратон?, се вели во дел од коментарот на Ковачки.

Поврзани новости