Ковачевски: Вечерва се планира нешто што не доликува на членка на НАТО

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел предупреди дека вечерва на протестите се планирало нешто што не доликува на земја членка на НАТО.

Информациите премиерот ги добил од МВР.

-Протестот е демократско право и секој граѓанин може да се го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека така ќе биде. Вчера имавме четворица повредени полицајци. Денеска се планира нешто што не доликува на земја членка на НАТО, рече Ковачевски.

 

Поврзани новости