-Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. Најголемата економската и енергетска криза во современата историја е во полн ек, но со навремени мерки ќе се погрижиме да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, но и да обезбедиме буџетска поддршка за стопанството и ублажување на ценовните шокови, пишува Ковачевски.

Вечерва со членовите на Економскиот совет разговарале за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици која таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза.

Владата во неколку наврати досега носеше мерки како поддршка на граѓаните и стопанството.