Ковачевски: Секое место заслужува да чекори по патот на развојот!

by Fokus

Денешната агенда во Маврово и Ростуше, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја заврши со  посета на населеното место Јанче и средба со тамошните жители.

„Секое место, без разлика дали е помало или поголемо, заслужува да чекори по патот на развојот, а тоа го овозможи кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски. Во Јанче асфалтиран е мостот за влезот во селото. Со ова се санирани оштетувањата на мостот и се подобри движењето на возилата. Во наредниот период ќе следува, реконструкција на патот од мостот до центарот на село, ќе се регулира  суводолица низ село, ќе се уреди  простор во училиштето за музеј и ќе се исчистат и уредат дивите депонии.“ порача Ковачевски.

Поврзани новости