Ковачевски: СДСМ за 4,5 години за Тетово направи многу повеќе отколку другите за две децении претходно

by Fokus

Нашите заложби за Тетово како модерен, европски град ги исполнуваме на дело, порача на завршната конвенција пред вонредните избори за советници на општина Тетово, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ како централна власт, а до пред 10 месеци и како дел од локалната власт во Тетово реализираше и поддржаа бројни проекти кои го унапредија квалитетот на живот за сите граѓани од оваа општина.

„Пред само неколку денови бев овде и ја имав честа да учествувам во поставувањето на камен – темелникот на една од најважните инвестиции во Тетово но и во регионот и државата. Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот, рече Ковачевски, додавајќи дека она што денес е камен – темелник, утре ќе биде работно место за 890 работници.

 

Во изминатите четири и пол години, СДСМ преку централната власт, преку институциите, во Тетово вложи многу повеќе отколку за две децении претходно, Тетово веќе четири и пол години не е заборавена, изолирана општина, туку општина која се развива на секое поле, со низа крупни проекти, кои го менуваат животот на тетовчани на подобро“, истакна Ковачевски.

Поврзани новости