Ковачевски: Присуството на ќерка ми кај Папата е во согласност со протоколите

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека поведувањето на ќерката Тамара Ковачевска на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан не пречекорување на протоколот.

-Беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка и тоа е во согласност со протоколи за посета на Папа. Не е надвор од протокол да присуствува член на семејство. Историјата познава такви многу случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот, додаде тој.

Ковачевски рече дека така било и за поранешни претседатели и премиери.

-Не постои никаква двосмисленост или пречекурување на какви било протоколи туку уште еден начин да се оддаде почит“, рече Ковачевски од собраниската говорница.

Поврзани новости