Ковачевски: Парно ќе има и овој викенд и цела грејна сезона

by fokus

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура, соопшти на својот Фејсбук профил претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.

-Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, стои во објавата на Ковачевски.

За во 19 часот е закажана прес-конференција на вицепремиерот за економски прашања,  Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Поврзани новости