Ковачевски и Петков нема да бидат дел од чествувањето на Гоце Делчев

by fokus 20:45
20:45

Наредниот петок ќе го одбележиме роденденот на нашиот револуционер и тука ќе бидат присутни членови на бугарското МНР, мислам дека и министерката ќе дојде, информира премиерот Димитар Ковачевски, откако денес неговиот бугарски колега Кирил Петков соопшти дека заеднички ќе се одбележи роденденот на Делчев на 4-ти февруари.

Ковачевски појасни дека чествувањето не го организираат двете министерства за надворешни работи.

-Јас и Петков нема да бидеме дел од тоа. Јас тој ден нема да бидам во земјава, затоа што имам работни обврски надвор. Чествувањето на тој ден ќе биде и во иднина, додаде Ковачевски во интервју за МТВ.

Бугарскиот премиер пред тамошните пратеници во Собранието денеска соопшти дека за 4 февруари се подготвува заедничко чествување со Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Поврзани новости