430
Предмалку започна средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Средбата се одржува во Владата, а следува по неколкудневните натегања кој со кого одбивал да се сретне.
Мицкоски е придружуван од економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и се очекува на премиерот да му го презентираат својот план за излез и полесно надминување на енергетската криза.
Со планот на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од партијата, државата би заштедила 300 милиони евра.
ФОТО: Архива