Ковачевски е пиун на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

„Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, преку писмено соопштение до медиумите.

„Директорот на Заев, Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор. Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори“, се додава во соопштението.

Поврзани новости