Ковачевски даде рок на фирмите што ги нуди Мицкоски

by Fokus

Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена и затоа сите понуди од компании кои по препорака на Христијан Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ, порача денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

– Изминатиот период, а особено вчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со кои што државата ќе заштеди 300 милиони евра. Затоа, ја користам оваа прилика јавно да го повикам Мицкоски да ги информира сите тие компании од кои има индикативни понуди, а кои биле со важност од една недела, во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда, да ги комплетираат понудите и да ги достават до АД ЕСМ, изјави Ковачевски.

Поврзани новости