Ковач: ЕУ треба веднаш да почне преговори за членство со Северна Македонија

by Fokus

Европската унија би требало веднаш да ги започне преговорите за членство на Северна Македонија, изјави унгарскиот државен секретар за меѓународни односи, Золтан Ковач.

Ковач, за време на посетата на Виена, истакна дека унгарската Влада верува оти проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан треба да биде приоритет на Брисел, нагласувајќи дека Будимпешта е против одлагање на приемот на западнобалканските земји во Унијата.

– Историјата покажува дека секогаш настануваат проблеми кога не посветуваме внимание на регионот. Обединувањето на Европа е нешто што се уште не завршено, истакна Ковач, додавајќи дека смета оти Србија и Црна Гора се подготвени за членство во ЕУ.

Поврзани новости