Коцијанчич: Изборите во Македонија им даваат чист мандат на новите градоначалници

by fokus

Локалните избори во Македонија им даваат чист мандат на новите градоначалници и советници за тоа како граѓаните сакаат да изгледаат локалните власти во нивните општини, оцени денеска портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич во писмената изјава објавена на веб страната на ЕК.

Според неа, акцентот сега треба да се стави на придвижување на реформската агенда насочена кон ЕУ преку инклузивен процес, во интерес на сите граѓани.

– Изборите беа набљудувани од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која во својата првична изјава оцени дека двата круга беа конкурентни преку почитување на основните слободи, иако беа забележани одредени слабости, вели Коцијанчич.

Нагласува дека сите чинители во државава треба да ги спроведат препораките дадени од страна на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, со што ќе им се овозможи на државните институции да ги зајакнат своите капацитети пред следниот изборен циклус. За оваа цел, нагласува таа, Европската унија е подготвена да понуди поддршка.

Поврзани новости