Коцијанчич: Без одложување да се избере претседател на Собранието

by fokus 19:29
19:29

Како што Европската унија повеќепати истакна, вклучително и Европскиот Парламент, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши, а влада мора да биде формирана без натамошни одлагања, врз основа на тамошното парламентарно монозинство, изјави за РСЕ портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич на прашањето како ЕК ја коментира новата ситуација во македонскиот парламент за избор на Комисијата за избори и именувања.

-Сега очекуваме сите политички лидери и институции да овозможат демократските процеси да се одвиваат по својот тек, тоа вклучува избор на претседател на Собранието без натамошно одложување, вели Кочијанчич.

- Advertisements -

Поврзани новости