Коце во последен обид за албански гласови: Скопје е град на соживот, град на сите

by fokus

Прв на минитнигот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се обрати кандидатот за градоначалник на главниот град, Коце Трајановски. Во фокус на неговиот говор, освен градењето, беше обидот да им се доближи на албанските гласачи.

-Победуваме за Скопје каде има соживот и почитување. Легнувам и се будам со проблемите кои се реалност и со решениејата кои ги нудам. Скопје е наш град, град на сите. Јас сум човек кој многу малку говори, јас сум човек кој многу работи. Човек кој гради. Тука сум да работам за секој еден граѓанин на Скопје. Слушам се фалат дека ќе донесат живот и воздух. Скопјани не сакаат продавачи на магла. Нашето Скопје го очекува нова ера на развој и зеленило, рече Трајановски.

Поврзани новости