Коце Трајановски и Ивица Коневски протестираат пред судот

by fokus

Поранешните градоначалници на Град Скопје и Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, се наоѓаат меѓу демонстрантите пред Кривичниот суд, кои се собраа на протест по повод изрекување на пресудата во случајот „Тенк“.

Ова е прва пресуда која ќе биде изречена против поранешниот премиер, Никола Груевски. Неговиот лик се наоѓа на маичка ставена преку металната ограда која ги двои демонстрантите од судот.

Поврзани новости