Коце ги проверуваше чучавците во средното „Цветан Димов“

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска го посети средното училиште „Цветан Димов“ каде изврши увид до каде е реконструкцијата на тоалетите. Градоначалникот влегуваше во вецињата каде во тек е замената на чучавците, како и лавабоата – корита.

-Во „Цветан Димов“ се реконструираат санитарните јазли и се санираат дефекти на фекалната канализација. Комплетно ќе се реновираат фекалната канализација и санитарните јазли на приземјето и на првиот кат на училиштето, изјави градоначалникот Трајановски.

Освен на тоалетите, Трајановски изврши увид и  во училниците кои се прилагодуваат на потребите на медицинската струка во училиштето.

Поврзани новости