Котевски: СЈО е партиска испостава на СДСМ

by fokus 12:56
12:56

Иво Котевски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тој, исто како и другите осомничени во „Талир“ кои претходно дојдоа во СЈО, не дал исказ бидејќи побарал најпрвин да изврши увид во доказите.

– Не знам за што сум осомничен па затоа побарав прво да ги видам доказите ако тие воопшто постојат. Јасно е дека СЈО работи како партиска испостава на СДСМ и ги исполнува нивните барања. СДСМ даде многу ветувања пред граѓаните па затоа СЈО има помага и гони што е можно повеќе членови од ВМРО-ДПМНЕ, рече Котевски.

- Advertisements -

Функционерите на партијата ВМРО-ДПМНЕ пак се повикани во СЈО да дадат искази како осомничени во случајот „Талир“, каде за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица за перење пари од кои 9 лица како директни извршители и 2 како помагачи.

Во овој случај е осомничен лидерот на партијата Никола Груевски и сите генерални секретари во партијата од 2009 до 2015 година, меѓу кои и Димитриев, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски. Осомничени се и директорите на центарот за комуникации, а оваа функција долги години ја имаше Илија Димовски, додека во 2015 година на ова место дојде Иво Котевски.

Поврзани новости