Котевска: Еколошкиот проект „Медена земја“ се претвори во моќна приказна за опстанокот

by Fokus

Два милиони горди Македонци ноќва заеднички напнато ќе чекаат додека креаторите на медената приказна за судирот меѓу традицијата и модерното влегуваат во историјата на Оскарите со својата досега невидена двојна номинација, пишува Радио слободна Европа.

Филмот „Медена земја“ и неговите креатори веќе имаат освоено 30 меѓународни награди – меѓу кои и три признанија на минатогодишниот престижен филмски фестивал „Санденс“ во САД.

Но ниту еден филм досега не бил номиниран и за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарец сè додека „Медена земја“ не се појави на списоците на номинирани од американската Академија за филмска уметност и наука.

Победниците ќе бидат објавени во најочекуваниот настан во Холивуд, церемонијата на доделување Оскари, во Долби театарот во Лос Анџелес.

-Филмаџиите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов работеле на конзерваторски проект кога се запознале со Хатиџе Муратова, неверојатната турско-македонска традиционална пчеларка што е во центарот на документарецот што влезе во историјата, во пустиот регион од нивната балканска татковина, вели РСЕ.

Дваесет и петгодишната Котевска за Радио слободна Европа изјави дека еколошкиот проект „Медена земја“ се претворил во моќна приказна за опстанокот и природата.

 

Поврзани новости