Костовски за Фокус: Имам амбиции да станам премиер

by Фокус

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје. Но, како што вели тој во изјава за неделникот Фокус, неговите амбиции се поголеми. Тој посочува дека има амбиција да стане премиер, навестувајќи можно учество на претстојни парламентарни избори.

Имам капацитет, искуство, знаење, чесен сум, се чувствувам чист и праведен и мислам дека народот ја заслужува мојата чесност. Не исклучувам кандидатура за градоначалник на Скопје, но јас имам поголеми амбиции, за премиер. За да формирам партија, немам финансиски можности, но може да се направи граѓански фронт, да се обединат граѓанските сили во едно движење – вели Костовски.

Целиот текст за можните кандидатури на претстојните локални избори прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости