Костов: Овој ненароден режим направи погрешна перцепција за патриотите од Собранието!

by fokus

Граѓанскиот активист, Сотир Костов, кој е еден од организаторите на протестите за поддрршка на обвинетите од насилствата во Собранието, смета дека направена е погрешна перцепција за насилниците кои учествуваа во Парламентот минатиот април.

„Покажавме и докажавме, дека кога сме добро организирани, нема провокации, нема нереди со полицијата. Даваме поддршка на обвинетите и на еден начин се трудиме, погрешната перцепција ја направи овој ненароден режим со сите свои методи на спинување. Од „крвав четврток“ да го претвориме во „патриотски четврток“, „родољубив четврток“, бидејќи Македонците со илјадници бројки излегуваа и даваа поддршка на движењето „За заедничка Македонија““, порача Коство во синоќешното гостување во емисијата „Отворено“ на АЛФА ТВ.

Поврзани новости