Костов: Бев меѓу најприслушуваните луѓе надвор од политиката

by Фокус

Директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, кој бил цел на масовното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година, рече дека му биле прислушувани два телефонски броја. Како што рече Костов за време на сведочењето во предметот Таргет-Тврдина, тој бил меѓу најприслушуваните луѓе надвор од политиката.

-Надлежните директори во банката ме барале да ме прашаат дали одобруваме некоја зделка, односно од мене барале согласност за издавање гаранција на некои фирми за учество на тендери за јавни набавки. На пример, кога една градежна компанија се јавува на повик за лицитација и кога од нас побарала гаранција, мене директорите ќе ме прашаат дали може да извадиме гаранција, да речеме, од 30 милиони денари. Со оглед дека гаранцијата претставува десет отсто од учеството ја јавната набавка, тогаш тој што ги прислушувал разговорите можел да ги даде податоците на други фирми конкуренти и со тоа да им нанесе штета на фирмите – рече Костов.

Поврзани новости